Дали знаете дека еднозрнестата пченица „сијез“ се одгледувала пред 10 илјади години во југоисточно-анадолската област?

Еднозрнестата пченица која според некои извори била внесена меѓу културните растенија пред 12 илјади години, а според некои извори пред 10 илјади години, се прифаќа како предок на модерната пченица која ја употребуваме денеска

1574655
Дали знаете дека еднозрнестата пченица „сијез“ се одгледувала пред 10 илјади години во југоисточно-анадолската област?

Дали знаете дека еднозрнестата пченица „сијез“ која се прифаќа како предок на денешната пченица се одгледувала пред 10 илјади години во југоисточно-анадолската област?

Еднозрнестата пченица која според некои извори била внесена меѓу културните растенија пред 12 илјади години, а според некои извори пред 10 илјади години, се прифаќа како предок на модерната пченица која ја употребуваме денеска. Еднозрнестата пченица која најпрвин била одгледувана во југоисточно-анадолската област, во Турција најмногу се употребува во подрачјето на градот Кастамону.

Еднозрнестата пченица која се одгледувала како земјоделска култура уште од страна на Хититите и Фригијците, најпрвин се нарекувала „Зиз“ којшто е хитиски збор, а потоа со текот на времето овој збор се преобразил во „сијез“.

Најзначајната карактеристика на еднозрнестата пченица т.е. сијезот по тоа што се одделува од другите видови пченица, е таа што во текот на 10 илјади години никако не била променета.

Еднозрнестата пченица која е пченица со низок процент на глутен, во споредба со модерната пченица т.е. денешната пченица содржи поголема количина на Витамин „А“, железо, фолна киселина и цинк. Има голем број истражувања коишто покажуваат дека еднозрнестата пченица т.е. сијезот полесно се вари и располага со поголеми предности од аспект на здравјето.



Слични вести