Музејот на мозаици Зеугма во 2020 година го посетија во виртуелна средина 1 милион посетители

Музејот на мозаици Зеугма во градот Газиантеп во 2020 година го посетија во виртуелна средина преку веб страницата на Министерството за култура и туризам 1 милион посетители

1573800
Музејот на мозаици Зеугма во 2020 година го посетија во виртуелна средина 1 милион посетители

Музејот на мозаици Зеугма кој се наоѓа во градот Газиантеп минатата 2020 година го посетија во виртуелна средина 1 милиони лица.

Музејот за мозаик Зеугма кој е едниот од најголемите мозаици на светот, во рамките на мерките против новиот тип коронавирус (Ковид-19) ги пречекува своите посетители во виртуелна средина.

Официјалното отворање на Музејот за мозаици Зеугма е реализирано на 9 септември 2011 година, располага со површина од 30 илјади метри квадратни од кои 25 илјади метри квадратни покриен простор и поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во споредба со изминатите години доживува помирен период.

Директорот на музејот во Газиантеп Озгур Чомак истакна дека со поддршка на Генералната дирекција за културни вредности и музеи се премина кон применување на виртуелен музеј ѝ во Музејот за мозаици Зеугма ѝ во Археолошкиот музеј на Газиантеп.

"Луѓето кои не можат да дојдат овде преку веб страницата на Министерството за култура и туризам можат да го прошетат музејот во виртуелна средина. Нашиот музеј во 2020 година преку интернет го посетија 1 милион лица." - рече Чомак.

Во музејот добитник на Големата претседателска награда за култура и уметност се изложуваат Мозаикот "Малата Циганка", споменикот на Марс, предмети донесени од Соединетите Американски Држави (САД), ѕидна слика од приближно 150 метри квадратни, чешми од римскиот период и мозаици пронајдени во вилите на брегот на реката Еуфрат.

 



Слични вести