Повторно одложен 74-от Кански филмски фестивал во Франција

Фестивалот наместо од 11 до 22 мај за кога претходно беше соопштено дека ќе се одржи, поради пандемијата на Ковид-19 е одложен за периодот од 6 до 17 јули годинава

1572573
Повторно одложен 74-от Кански филмски фестивал во Франција

74-от Кански филмски фестивал во Франција за кој претходно се планираше да се одржи од 11 до 22 мај 2021 година, поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) е одложен за месец јули оваа година.

Во објавеното писмено соопштение од организаторите, фестивалот кој се прикажува како една од најзначајните манифестации во светот на кинематографијата наместо од 11 до 22 мај за кога претходно беше соопштено дека ќе се одржи, поради пандемијата на Ковид-19 е одложен за периодот од 6 до 17 јули годинава.

Канскиот филмски фестивал, поради пандемијата не можеше да се одржи и минатата година и наместо тоа беше објавен списокот со 56 номинирани филмови за наградите кои се доделуваат во рамките на овој фестивал.  



Слични вести