Мугла повторно избор број еден на Англичаните за летен одмор во 2020

Мугла се издвојува со морето, песокот, сонцето, како и со историските и природните убавини, античките градови и луксузните сместувачки капацитети

1565728
Мугла повторно избор број еден на Англичаните за летен одмор во 2020

 

Градот Мугла, во чии рамки се наоѓаат популарните туристички центри, стана незаменлива дестинација за одмор на Англичаните, благодарение на обезбедените безбедни и здрави туристички услуги и покрај новиот вид епидемија на коронавирус (Ковид-19).

Бидејќи се наоѓа меѓу важните туристички дестинации во светот, Мугла се издвојува со морето, песокот, сонцето, како и со историските и природните убавини, античките градови и луксузните сместувачки капацитети.

Во градот, кој секоја година е домаќин на милиони туристи, во рамките на „Програмата за сертификација на безбеден туризам“ иницирана во процесот „Ковид-19“ под координација на Министерството за култура и туризам беше понудена здрава и безбедна можност за одмор.

Поголемиот дел од британски туристи кои допатуваа во Турција и го претпочитаа градот Мугла и минатата година беа најбројните британски туристи кои го посетија овој град.

Минатата година Мугла ја посетија 695.314 туристи.

Земјите со најголем број туристи беа Англија со 309.717 туристи, Русија со 159.397 туристи, Украина со 127.564 посетители, Полска со 17.424 и Германија со 16.313 туристи.



Слични вести