Али Ербаш остро ја осуди изјавата на грчкиот архиепископ насочена против исламот и муслиманите

Ваквите изјави го провоцираат општеството и луѓето ги поттикнуваат на омраза, непријателство и насилство против исламот

1565284
Али Ербаш остро ја осуди изјавата на грчкиот архиепископ насочена против исламот и муслиманите

 

Претседателот на Управата за верски работи проф. д-р Али Ербаш остро ја осуди неоснованата изјава на грчкиот архиепископ Иеронимос насочена против исламот и муслиманите.

Ербаш во писмената изјава остро реагираше на изјавата на Иеронимос за емисијта на телевизискиот канал на која учествуваше.

Изјавувајќи дека остро ја осудува неоснованата изјава на Иеронимос насочена против исламот и муслиманите, Ербаш рече дека ваквите изјави го провоцираат општеството и луѓето ги поттикнуваат на омраза, непријателство и насилство против исламот.

Ербаш подвлече дека многу е жално и неприфатливо што претставниците на една религија даваат изјави што не одговараат на мисијата што ја претставуваат, потенцирајќи дека тие треба да упатат пораки што содржат мир, соживот и толеранција и ќе ги охрабрат луѓето да живеат заедно во мир и на заедничката основа на човештвото.

Истакнувајќи дека христијанскиот свет мора да се спротивстави на оваа болна перспектива, Ербаш рече:

„Ваквите реторики кои имаат за цел да ги маргинализираат муслиманите ја хранат расистичката перспектива против муслиманите и се претвораат во напади врз нивните животи и храмови. Најважната должност на свештениците, кои треба да се стремат за воспоставување мир и спокојство, е да дадат придонес кон културата на заеднички живот и соживот“.

Подвлекувајќи дека исламската цивилизација отсекогаш на луѓето од различни религии и култури со векови им овозможуваше да живеат заедно и на сите право да живеат според своите верувања, Ербаш рече:

„Исламската религија е религија на мирот која има за цел исполнување на човештвото со високи вредности како што се морал, милост, правда, мир и благосостојба“.



Слични вести