Ербаш. „Тоа во суштина е обид за рушење на Ал-Акса“

Alı Ербаш потенцираше дека тираните го продолжуваат своето зло со непочитување на човештвото, совеста, моралот, меѓународното право

1564085
Ербаш. „Тоа во суштина е обид за рушење на Ал-Акса“

Претседателот на Управата за верски работи Али Ербаш во врска со упадот на израелските инженери во џамијата „Ал-Акса рече дека „Овие иницијативи во суштина се обид за рушење на џамијата „Ал-Акса“. Всушност, предметниот предавнички план се обидува да се реализира преку ископувања. Остро ги осудувам нападите и кукавичките планови против Ал Акса“ рече Ербаш.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Претседателството на Управата за верски работи, во знак на реакција и како одговор на израелскиот тим инженери што извршија упад во Харем Ал-Шариф и во придружба на израелската полиција мереле во џамијата Ал-Акса, Ербаш присуствувал на онлајн состанок организиран од Здружението на палестински научници, на кој присуствува претставници од 70 земји.

Ербаш во својот говор во оваа прилика рече дека сакаат да го уништат сеќавањето на Ал  Акса и да се прекине врската со минатото. Овие иницијативи во суштина се обид за рушење на Ал Акса. Всушност со ископувањата се обидуваат да ги реализираат предавничките планови.   Уште еднаш остро ги осудувам нападите и предавничките планови.

Ербаш потенцираше дека тираните го продолжуваат своето зло со непочитување на човештвото, совеста, моралот, меѓународното право и рече:

„Овие зли намери исто така се насочени против културата на заедничкото живеење на оваа древна географија, на мирот и безбедноста на човештвото. Поради оваа причина, ги повикувам сите припадници на религиите и верувањата да продолжат да ја покажат потребната реакција против насилствата на земјата на божјите пратеници и пророците, заедничкото наследство на човештвото, нападите на Ал-Акса. Ги повикувам сите совесни и разумни  луѓе, сите оние коишто имаат респект кон човековите права и слободи, чест, да го кренат својот глас.  Во спротивно, сите оние коишто денес ќе молчат наспроти зулумите и насилствата, засекогаш ќе бидат осудени во историјата и во совеста на човештвото“.

Повикувајќи ги сите муслимани да се здружат и да го спречат угнетувањето и окупацијата, Ербаш рече: „Нашата земја, Претседателството за верски прашања и нашата голема нација секогаш ја чуваат Ал-Акса и се на страната на нашите палестински браќа, ќе продолжиме да бидеме на нивната страна и ќе ги поддржуваме“.



Слични вести