Во Анталија ќе се снима Холивудски филм
Ботаничкиот парк кој е отворен во 2016 година како прв простор за ЕКСПО саем на Турција, се преуредува во џиновско филмско плато кадешто ќе се снима акциониот филм „ Five Eyes“ (Пет очи) на познатиот режисер Гај Ричи и познатиот актер Џејсон Стетам


Градот Анталија, туристичката престолнина на Турција, се подготвува да ги пречека Холивудските ѕвезди.
Ботаничкиот парк кој е отворен во 2016 година како прв простор за ЕКСПО саем на Турција, се преуредува во џиновско филмско плато.
Акциониот филм „ Five Eyes“ (Пет очи) на познатиот режисер Гај Ричи и познатиот актер Џејсон Стетам ќе биде снимен во Анталија.
Во тие рамки, во населеното место Аксу на површина од 121 хектар којашто пред 4 години беше домаќин на културна и визуелна манифестација на тема „Цвеќе и дете“, се градат филмски студија.
Како што се истакнува, филмската екипа ќе снима и во различни делови на градот и во наредните денови заедно и со актерите се очекува да дојдат во Анталија.
Снимањето на филмот „Five Eyes“ (Пет очи) ќе започне на 8 февруари.