Дали знаете дека во Турција постои 900 годишна стара библиотекарска традиција?

Државната библиотека Бејазит којашто почнала да врши услуга во 1884 година, е првата институционална библиотека на Турција

1561092
Дали знаете дека во Турција постои 900 годишна стара библиотекарска традиција?

Дали знаете дека во Турција постои 900 годишна стара библиотекарска традиција?

Библиотекарската традиција во Турција се потпира на 900 годишно минато. Првите библиотеки се формирани во времето на првите беглуци и Селџуците во Анадолија, а потоа во времето на Османлиите биле развиени. Во првите периоди на Османлиската Империја библиотеките заземале место во склопот на институции како џамии, турбиња, медреси и имарети. Потоа почнале да се појавуваат библиотеките како одделни институции.

Државната библиотека Бејазит којашто почнала да врши услуга во 1884 година, е првата институционална библиотека на Турција. Во прво време кога била формирана библиотеката на нејзините полици се наоѓало само делото по име „Историја на Наима“ , на познатиот историчар на Османлиската држава Мустафа Наима. Со текот на времето, со делата собрани од текињата, купените книги и подарените документи на библиотеката,  била претворена во богата банка на информации.

Во 1934 година со Законот за собирање и составување на печатени написи којшто е донесен на барање на Ататурк, е доживеан значителен раст во бројот на делата во библиотеката. Веќе еден примерок на секое издадено и печатено дело во Турција мораше да се донесе во оваа библиотека. Државната библиотека Бејазит која денеска со своите над еден милион документи е адреса на историчарите без која се не може, продолжува да се проширува и да врши услуга.



Слични вести