Во 2020 година во Турција најмногу машки бебиња го добија името „Јусуф“, а женските бебиња името „Зејнеп“

Од вкупно 1 милион 091 илјада 143 новородени во 2020 година во Турција на 7.540 бебиња им е дадено името „Јусуф“, на 6.236 „Мирач“, на 6.222 „Ејмен“, а кај женските бебиња на 11.179 името „Зејнеп“, на 7.316 „Елиф“, на 6.335 „Дефне“

1560788
Во 2020 година во Турција најмногу машки бебиња го добија името „Јусуф“, а женските бебиња името „Зејнеп“

Во 2020 година во Турција најмногу машки бебиња го добија името „Јусуф“, а женските бебиња името „Зејнеп“.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за внатрешни работи е соопштено дека од страна на Генералната дирекција за население и државјанство е подготвена Мапата со имиња на Турција во 2020 година.

Во оваа мапа се споделени податоци во врска со најпопуларните и најмногу дадените имиња на 559.753 машки бебиња и 531.390 женски бебиња кои се родени во Турција во 2020 година.

Во соопштението се привлекува внимание кај родителите постои поголема тенденција за давање на традиционални имиња на машките бебиња во споредба со женските бебиња и се вели дека при давање на имиња на машки бебиња на преден план се појавува чувствителноста за давање на имињата на старите во семејството.

Кај женските бебиња пак, се нагласува дека е повеќе распространета тенденцијата на давање на модерни и популарни имиња.

Во соопштението стои дека од вкупно 1 милион 091 илјада 143 новородени во 2020 година во Турција на 7.540 бебиња им е дадено името „Јусуф“, на 6.236 „Мирач“, на 6.222 „Ејмен“, а кај женските бебиња на 11.179 името „Зејнеп“, на 7.316 „Елиф“, на 6.335 „Дефне“.

 



Слични вести