Планината Немрут за 5 години ја посетија 530 илјади посетители

Планината Немрут која е позната како место од каде најдобро се набљудуваат изгревањето и заоѓањето на сонцето во светот, секоја година е домаќин на десетици илјади туристи

1557932
Планината Немрут за 5 години ја посетија 530 илјади посетители

Планината Немрут која се наоѓа во Списокот на Светското културно наследство на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), во границите на населеното место Ќахта кај градот Адијаман, за 5 година е посетена од страна на 530 илјади посетители.

Планината Немрут се наоѓа на точката на пресекување на источната и западната цивилизација и освен со монументалниот гроб и џиновските статуи, со својата надморска височина од 2.150 метри е позната и како место од каде најдобро се набљудуваат изгревањето и заоѓањето на сонцето во светот, секоја година е домаќин на десетици илјади туристи.

Планината Немрут е домаќин на тумулусот (ридот) со височина од 50 метри и дијаметар од 150 метри на кој се наоѓаат голем број џиновски дела т.е. статуи коишто му припаѓаат на кралството Комагене.

Посетителите кои се искачуваат на планината Немрут по пешачење од околу 800 метри коешто трае приближно 40 минути се стекнуваат со можност да го набљудуваат она неприкосновено изгревање и заоѓање на сонцето.

Планината Немрут во 2016 година ја посетија приближно 50 илјади лица, во 2017 година 100 илјади, во 2018 година 130 илјади, во 2019 година 200 илјади, а во 2020 година поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) бројот на посетители изнесуваше 50 илјади.



Слични вести