Дали знаете дека првата жена џет-борбен пилот на НАТО е Турчинка?

Леман Бозкурт Алтинчекич е родена во 1933 година и располага со титулата прва жена џет-борбен пилот на Турција и на НАТО

1557549
Дали знаете дека првата жена џет-борбен пилот на НАТО е Турчинка?
Leman Bozkurt Altinçekiç 1.jpg

Дали знаете дека првата жена џет-борбен пилот на НАТО е Турчинка?

Леман Бозкурт Алтинчекич е родена во 1933 година и располага со титулата прва жена џет-борбен пилот на Турција и на НАТО.

Алтинчекич која уште од мали години сонувала да лета откако завршила гимназија за исполнување на своите соништа фрлила еден голем чекор и во Постројките Инени Турккушу добила обука за летање со едрилица.

Во 1954 година благодарение на одлуката со којашто се даваше можност во Турските вооружени сили (ТВС) да се запишуваат и жени се пријавила за Воената воздушна школа во Измир и во октомври 1955 година почнала да учи таму. Својата обука со авиони со пропелер ја завршила во 1957 година. Во тие години, најголемиот воен сојуз на светот НАТО имаше само 5 години.

Леман Бозкурт Алтинчекич со желба да лета уште повисоко во небото доби обука за џет-борбен пилот. Со добиената значка т.е. сертификат за џет-борбен пилот Алтинчекич леташе во небото во текот на 9 години.

Леман Бозкурт Алтинчекич беше првата жена џет-борбен пилот не само на Турција, туку и на силите на НАТО, која леташе во текот на долги години.



Слични вести