Дали знаете дека во име на Свети Никола, познат како Дедо Мраз, во Демре во Анталија има изградено црква?
Свети Никола, кој во целиот свет е познат како Дедо Мраз, е роден во втората половина на 3-от век во Патара; Во Мира чие денешно име е Демре бил бискуп


Дали знаете дека во име на Свети Никола кој во целиот свет е познат како Дедо Мраз, во Демре во Анталија има изградено црква?
Свети Никола е роден во втората половина на 3-от век во Патара. Во Мира чие денешно име е Демре бил бискуп. Свети Никола кој бил едниот од водечките светци на голем број европски земји на чело со рускиот цар, бил многу сакан и во Америка, па дури се сметал и како еден од светците кои го штитат Њујорк.
По смртта на Свети Никола жителите на Мира изградиле црква во негово име и овде го поставиле неговиот лахит. Оваа црква која со својата архитектура и својот стил е најзначајниот споменик на средно-византискиот период, со оштетувањето со текот на времето била поправена поради што носи и траги на различни периоди. И покрај тоа што биле изградени илјадници цркви во име на Свети Никола кој се смета за најголем заштитник на сиромашните и на децата сираци, црквата Ноел Баба т.е. црквата Дедо Мраз која се наоѓа во Демре со својата историја располага со беспримерно место.
И покрај тоа што некои трговци-криумчари кои за време на крстоносните походи дошле овде ги украле неговите коски и ги однеле во Бари (Италија), останатите коски сѐ уште се чуваат во музејот во Демре. Во археолошките ископувања коишто продолжуваат се вадат голем број драгоцени дела коишто и припаѓаат на црквата Дедо Мраз (Ноел Баба). Овие дела коишто се вадат им се прикажуваат на посетителите внатре во црквата којашто денеска се користи како музеј.