Пофалби од германскиот градоначалник до добронамерните турски млади

Членовите на младинскиот огранок на џамијата Селимије во германската покраина Сар,  донираа 5.000 евра за основното училиште „Регенбоген“.

1550409
Пофалби од германскиот градоначалник до добронамерните турски млади

 

Членовите на младинскиот огранок на џамијата Селимије при Турско-исламската унија за верски работи (ДИТИБ) во Волклинген, во германската покраина Сар,  донираа 5.000 евра за основното училиште „Регенбоген“.

Во рамките на активностите „Ден на отворена џамија и недела на културите“, приходите добиени во рамките на кампањата за помош насловена „Направи добро“ која беше иницирана од младинскиот огранок на џамијата беше доставена со свеченост.

Градоначалникот на општината Волклинген, Кристијан Блат во својот говор на церемонијата, ги пофали членовите на младинскиот огранок на џамијата и рече дека светлите млади луѓе се шанса за човештвото.

Истакнувајќи дека внимателно ги следи активностите на младите луѓе и дека ќе продолќат да ги поддржуваат нивните идни проекти, Блат рече:

„Бев импресиониран од значајната кампања на младите. Ова нема да биде прва, верувам дека младите ќе направат многу добри работи“.

Директорката на училиштето Петра Питило во својот говор младите ги поздрави на турски јазик и рече: „Во името на наставниците и учениците на училиштето, сакам да ја изразам благодарноста на џамијата Селимије што не поддржа со толку значајна донација. Донацијата ќе се искористи за изградба на игралиштето на училиштето, нова опрема за игри и едукативни материјали“.

Претседателот на здружението на џамијата Селимије, Ќамуран Башпинар се осврна на нивната работа како здружение и потенцираше дека инвестициите во образованието се инвестиции во иднина.



Слични вести