Дали знаете дека славењето на Новата година е многу стара традиција кај Турците?

Турците во Централна Азија почнале да го слават доаѓањето на Новата година многу порано од Западот и овој ден се нарекува „Нардуган“

1548816
Дали знаете дека славењето на Новата година е многу стара традиција кај Турците?

Дали знаете дека славењето на Новата година е многу стара традиција кај Турците?

Турците во Централна Азија почнале да го слават доаѓањето на Новата година многу порано од Западот. Според турската митологија, ноќта и денот се во војна и во оваа војна денот ја победува ноќта. По ноќта на 21 декември која е најдолга ноќ, сонцето почнува да се гледа многу повеќе. Наредниот ден, 22 декември како прв ден кога деновите почнуваат да стануваат подолги се прифаќа како прв ден од Новата година. Бидејќи, на 22 декември денот ја победил ноќта, односно темнината. Денот, односно сонцето и светлината извојувале победа.

На овој ден којшто се нарекува „Нардуган“, се украсуваат белите борови дрвја коишто се прифаќаат како симбол на бесмртноста во турската митологија, под нив се оставаат подароци, околу овие дрвја се играат традиционални игри, се пејат песни. Боровото дрво поради тоа што неговите лисја никогаш не паѓаат и секогаш останува зелено, кај Турците се смета како симбол на бесмртноста и за свето дрво.

Во бројни истражувања зазема место ставот дека традицијата на славење на Новата година од Турците преминала на христијаните и дека оваа култура се проширила по доаѓањето на Хуните во Европа.



Слични вести