Турската стратешка и умствена игра „Мангала“ заведена во списокот на УНЕСКО

Турската стратешка и умствена игра „Мангала“ е заведена во списокот на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура УНЕСКО

1548647
Турската стратешка и умствена игра „Мангала“ заведена во списокот на УНЕСКО

Турската стратешка и умствена игра „Мангала“ е заведена во списокот на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура УНЕСКО. 

Членот на Управниот одбор на Светската конфедерација на етноспортови и раководителка на Центарот за истражување и применување за традиционални спортови при Универзитетот Хаџи Бајрам Вели д-р Зејнеп Налџиоглу истакна дека состанокот на УНЕСКО за кој беше испланирано оваа година да се одржи во Јамајка поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се одржа преку интернет на виртуелна средина. 

Д-р Зејнеп Налџиоглу рече: „Минатата година во Колумбија го заведовме 'традиционалното турско стрелаштво'. Центарот на УНЕСКО одржа состанок преку интернет во Јамајка и оваа игра во репрезентативниот список на нематеријално културно наследство на човештвото на УНЕСКО е заведена под името 'Мангала-Ѓочурме' (Mangala-Göçürme).“

 



Слични вести