Церемонии „Сема“ во Конја по повод 747-годишнината од смртта на Мевлана

На церемониите Шеб-и Арус во Конја од страна на членовите на Групата за турска суфиска музика на Конја при Министерството за култура и туризам беше приредена програма Сема Ајин-и Шериф при што беа изведени мевлевиски танци сема со вртење во круг

1547682
Церемонии „Сема“ во Конја по повод 747-годишнината од смртта на Мевлана

Во рамките на манифестациите за одбележување на 747-годишнината од смртта наедниот од најсаканите верски личности на Анадолија, мислител, хуманист, поет, мистик и суфија Мевлана Џелаледдин-и Руми, или како што вели и Тој самиот средба со саканиот, во Културниот центар Мевлана во градот Конја се одржа мевлевиска програма Мукабеле-и Шериф (мевлевиска миса или мевлевиски танц).

Во честа на големиот мислител и мистик Мевлана чии учења и поуки будат големо интересирање во целиот свет, како секоја година така и годинава на одбележувањето на 747-годишнината од неговата смрт, се одржуваат различни манифестации и церемонии.

На церемониите Шеб-и Арус во градот Конја од страна на членовите на Групата за турска суфиска музика на Конја при Министерството за култура и туризам беше приредена програма Сема Ајин-и Шериф при што беа изведени танци сема со вртење во круг на мевлевиските дервиши.

Зборовите на Мевлана и ден денес продолжуваат да одекнуваат и да се ценат насекаде во светот, а не само во нашата земја така да илјадници луѓе низ целиот свет одговараат на оној негов познат повик „Дојди, кој и да си дојди, повторно дојди“.

По повод 747 годишнината од смртта на Мевлана Џелаледдин-и Руми уште еднаш се сеќаваме на оваа голема личност, која го изнесува на преден план човекот.

Големиот Мевлана и ден денеска продолжува да го осветлува светот со неговата филозофија и неговото учење.



Слични вести