ТРТ добитник на Наградата за придонес во културата и уметноста
Ибрахим ерен: „Како јавен радиодифузер во Турција, ТРТ има за цел да дадеме голем придонес на секторот“

Радиотелевизиската корпорација на Турција (ТРТ) ја доби „Наградата за придонес во областа на културата и уметноста“.
Годинашнава награда на 23-от „Меѓународен филмски фестивал Состанок во Истанбул“ што се одржа под покровителство на Фондацијата за кино и аудиовизуелна култура (ТУРКСАК) и со поддршка на Министерството за туризам на Турција ја доби претседателот на УО и генералниот директор на Радиотелевизиската корпорација на Турција (ТРТ) Ибрахим Ерен.
Потенцирајќи на поддршката на ТРТ на секторот, Ибрахим Ерен рече:
„Како јавен радиодифузер во Турција, ТРТ со новите проекти што се реализира во последниве години како што се телевизиски филмови, Денови на сценарио, со отворањето на ТРТ 2, имаме за цел да дадеме голем придонес на секторот. Сакам да изразам големо задоволство од тоа што ја добив оваа награда од институцијата Турсак, која 29 години служи на ова поле.
Во рамките на фестивалот, „Наградата на меѓународниот фестивал Состанок“ му беше доделена на продуцентот Тимур Савџи, а наградата „Придонес за кинематографијата“ на Кадир Бејциоглу.
30 филмови и други настани на фестивалот, поради епидемијата на новиот вид на коронавирус до 3 декември ќе можат да се следат преку Зум и видео каналот на Фондацијата ТУРСАК на Јутјуб на интернет.
Слични вести

Директорот за комуникации Алтун оствари средба со азербејџанскиот министер за култура Керимов
Алтун изрази задоволство од зголемувањето на контактите меѓу Азербејџан и Турција во сите полиња