Дали знаете дека во Музејот под отворено небо Ѓореме во Кападокија има десетици цркви?

Музејот под отворено небо Ѓореме во Кападокија којшто во текот на вековите бил домаќин на различни народи и јазици, располага со големо значење од аспект на историјата на уметноста

1545748
Дали знаете дека во Музејот под отворено небо Ѓореме во Кападокија има десетици цркви?

Дали знаете дека во Музејот под отворено небо Ѓореме во Кападокија има десетици цркви?

Музејот под отворено небо Ѓореме којшто во текот на вековите бил домаќин на различни народи и јазици, располага со големо значење од аспект на историјата на уметноста.

Малите и големите цркви во археолошкиот локалитет сочинуваат еден голем комплекс на манастир. Освен 11 кујни и цркви коишто би можеле да ги прошетате, има уште 18 цркви чиј влез е затворен поради опасност од рушење во секој момент.

Во Музејот под отворено небо Ѓореме се отворени за посета и можат да се прошетат манастирот за мажи и жени, капелата Свети Базил, црквата Елмали, капелата Света Барбара, капелата Света Катерина, црквата Јиланли, црквата Каранлик, црквата Чарикли и црквата Токали.

Овие цркви според нивната архитектура и периодот се поделени во две категории и тоа „Цркви со столбови“ и „Цркви Јиланли“.

Цркви со столбови се црквата Каранлик, црквата Елмали и црквата Чарикли.

Пирмери за цркви Јиланли пак, се манастирот на калуѓерките, црквата Јиланли, капелите Света Барбара и Света Катерина, на чии ѕидни слики независни една од друга, нема одреден логичен редослед и не  се раскажува за одредена приказна.



Слични вести