10 Декември - Ден на човековите права

На 10 декември во 1948 во Генералното собрание на Обеиднетите нации (ОН) беше усвоена Универзалната декларација за човекови права, камен темелникот на универзални вредности и стандарди за заштита и почитување на човековите права

1542876
10 Декември - Ден на човековите права

Денеска се одбележува Светскиот ден на човековите права... 

Поаѓајќи од идејата дека сите луѓе, поточно целото човештво, е слободно и рамноправно, на одржаното Генерално Собрание на Обединетите нации (ОН) на 10 декември 1948 година овој датум е прогласен за Светски ден на човековите права.

Турција, Универзалната декларација на Обединетите нации (ОН) за основање  ја усвои во април 1949 година. Така од 1949 година наваму Денот на човековите права, исто како во целиот свет се слави секоја година на 10 декември и во нашата земја.

Одбележувањето на Денот на човековите права во светот секако истовремено е остварено благодарение на зголемувањето на свеста за човекови права.

Тоа што диктаторите во текот на Втората светска  војна раководејќи се од своите амбиции го доведоа светот до работ на провалија и беа причина милиони луѓе да се соочат со војна, прогонство, геноцид и масакр; овозможи правата кои што произлегуваат од тоа да се биде човек да бидат признати од страна на меѓународната јавност и тие исти права да бидат земени под гаранција.

Така и денеска и покрај тоа што не се доживуваат војни од големи размери, од страна на меѓународни организации како што се Обединетите нации (ОН) се настојува да се стави крај на судирите во места односно земји како Ирак и Сирија, како и на отворените прекршувања на човековите права.

Наша желба е, без оглед на тоа каде, на кое  место во светот се случуваат, да се стави крај на прекршувањата на човековите права кои што произлегуваат од судири, превирања и тероризам.

 



Слични вести