Дали знаете дека во Кападокија се наоѓа музеј под отворено небо којшто сигурно треба да се посети?

Едниот од најизвонредните места на познатиот туристички центар Кападокија кадешто илјадници години владеел манастирски живот, во внатрешно-анадолската област, е Музејот под отворено небо Ѓореме

1540820
Дали знаете дека во Кападокија се наоѓа музеј под отворено небо којшто сигурно треба да се посети?

Дали знаете дека во Кападокија, едното од природните чуда на Турција, се наоѓа музеј под отворено небо којшто сигурно треба да се посети и види?

Едниот од најизвонредните места на познатиот туристички центар Кападокија кадешто илјадници години владеел манастирски живот, во внатрешно-анадолската област, е Музејот под отворено небо Ѓореме. 

Приказната на Ѓореме започнува во 4-от век, во првите периоди на христијанството. Со доаѓањето на бискупот на Кајсери Свети Базил во областа за да го шири верувањето и своите проповеди и со започнување со обука на ученици, преовладеал манастирскиот живот.

Областа којашто се нарекува археолошки локалитет Ѓореме, се до 13-от век продолжила да е центар на системот за образование и едуцирање.

Внатре во Музејот под отворено небо Ѓореме кадешто во текот на стотици години илјадници монаси (свештеници) ги вдлабиле или врежале своите мислења на карпите, се наоѓаат десетици подземни манастири, цркви и капели.

Оваа долина кадешто речиси секоја карпа со нејзино длабење (ископување) е претворена во простор на верски обред, богослужба и за живеење, и каде светоста се обединува со уметноста, од 1985 година се наоѓа на Списокот на светското наследство на УНЕСКО.



Слични вести