Мостот „Фатих Султан Мехмет“ по повод 3 декември - Светскиот ден на хендикепираните лица осветлен во сина боја

Мостот „Фатих Султан Мехмет (ФСМ)“ во Истанбул по повод 3 декември - Светскиот ден на хендикепираните лица синоќа беше осветлен во сина боја

1539315
Мостот „Фатих Султан Мехмет“ по повод 3 декември - Светскиот ден на хендикепираните лица осветлен во сина боја

Мостот „Фатих Султан Мехмет (ФСМ)“ во Истанбул којшто ги поврзува двата континенти Азија и Европа, со цел да се привлече внимание на 3 декември - Светскиот ден на хендикепираните лица, синоќа беше осветлен во сина боја.

Во рамките на Светскиот ден на хендикепираните лица којшто се одбележува секоја година на 3 декември со цел привлекување внимание кон хендикепираните лица (лицата со посебни потреби) се одржуваат различни програми и манифестации за подигнување на свеста и солидаризација.

Во тие рамки, мостот „Фатих Султан Мехмет (ФСМ)“ едниот од симбол градбите на Истанбул кој на значајни датуми се осветлува во различни бои и светлосни ефекти во согласност со настанот, синоќа до зазорување, првите сончеви зраци, по повод 3 декември - Светскиот ден на хендикепираните лица овојпат беше осветлен во сина боја.

Претседателката на Здружението Бејазај (Бела месечина) на Турција Нежла Сумер, во дадената изјава по повод настанот, истакна дека најголемите тешкотии во процесот на пандемијата на новиот тип коорнавирус (Ковид-19) ги доживуваат хендикепираните лица, односно лицата со посебни потреби,  и нивните блиски.

Нежла Сумер рече: „На 3 декември - Светскиот ден на хендикепираните лица побаравме мостот 'ФСМ' (Фатих Султан Мехмет) да биде осветлен во сина боја. Сите ние во овој процес имаме потреба од сина боја. Велиме дека сината боја е надеж. Нашата цел во барањето за осветлување е да се подигне свеста кај општеството во врска со хендикепираните лица.“



Слични вести