Годинашниот „ТРТ Ворлд Форум“ ќе се одржи во виртуелна средина од 1 до 2 декември

Годинашниот „ТРТ Ворлд Форум“ (TRT World Forum) чија тема гласи „Меѓународниот поредок и променливите динамики во светот, по пандемијата“ ќе се одржи во виртуелна средина од 1 до 2 декември

1534693
Годинашниот „ТРТ Ворлд Форум“ ќе се одржи во виртуелна средина од 1 до 2 декември

„ТРТ Ворлд Форум“ (TRT World Forum),  оваа година ќе се одржи од 1 до 2 декември на тема „Меѓународниот поредок и променливите динамики во светот, по пандемијата“.

На првата сесија на Форумот кој поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) ќе се одржи во виртуелна средина, ќе има свое обраќање претседателот на Управниот одбор и Генерален директор на Турската радио и телевизија (ТРТ) Ибрахим Ерен.

Лидери, експерти, академици, од различни делови на светот ќе направат проценка на промените во светот по пандемијата на Ковид-19.

Во рамките на програмата на „ТРТ Ворлд Форум“ (TRT World Forum), ќе се одржат 8 отворени дискусии (панели), 8 состаноци на тркалезни маси и 4 разговори, интервјуа.

На Форумот „Улогата на радиодифузијата и медиумите во периодот на пандемијата“, ќе биде поставен на дневен ред со претседателите на радиодифузни здруженија од Европа, Азија и Африка.

На отворените дискусии ќе се дискутира за бројни наслови како „Заеднички решенија за глобалните здравствени проблеми во периодот на пандемијата“, „Иднината на деловниот и образовниот сектор“, „Светот без патување“, „Пандемијата, можност или безизлез“.

На сесиите, од страна на реномирани експерти ќе се дискутира и за специјални наслови како „Турската надворешна политика во светот на промени“, „Војната и пандемијата: Борбата за живот за Сирија и Јемен“, „Судбината на азербејџанско-ерменскиот судир“.

На годинашниот „ТРТ Ворлд Форум“ (TRT World Forum) ќе присуствуваат повеќе од 40 лидери, експерти, академици, од различни делови на светот, како директорот за Планирање на политика при Државниот секретаријат (Стејт департментот) на Соединетите Американски Држави (САД) Питер Берковиц, претседателот на Програмата за развој при Обединетите нации (УНДП) Ахим Штајнер, портпаролот на претседателскиот кабинет Ибрахм Калин, познатиот турски хирург проф. д-р Мехмет Оз и др.

За повеќе и подателани информации за регистрирање и во врска со „ТРТ Ворлд Форум“ (TRT World Forum) можете да ја посетите интернет страницата www.trtworldforum.com

  

 



Слични вести