Дали знаете дека Мустафа Кемал Ататурк е првиот државник кој физичкото образование го вовел како задолжителен предмет во училиштата?

Ататурк, е државник кој им придавал големо значење на спортот, спортистите и на спортските клубови, а воедно е првиот државник во светот кој физичкото образование го вовел како задолжителен предмет за изучување во училиштата во земјата

1533756
Дали знаете дека Мустафа Кемал Ататурк е првиот државник кој физичкото образование го вовел како задолжителен предмет во училиштата?
Atatürk ve spor_02.jpg
Atatürk ve spor_01.jpg

Дали знаете дека Мустафа Кемал Ататурк е првиот државник кој физичкото образование го вовел како задолжителен предмет во училиштата во својата земја?

Ататурк, е државник кој им придавал големо значење на спортот, спортистите и на спортските клубови, а воедно е првиот државник во светот кој визичкото образование го вовел како задолжителен предмет за изучување во училиштата во земјата. За значењето коешто му го придавал на спортот раскажуваат неговите зборови „Во здрав тело здрав ум“. Тој покажал голема заинтересираност кон спортски гранки како што се пред се борењето, како и фудбалот, спортовите на вода, веслањето, пливањето, јавањето, воздухопловството, извидувањето, стрелаштвото. Бил предводник во формирањето и на федерациите на овие спортови.

Во деновите по смртта на Ататурк, францускиот весник „Л’ото“ којшто бил најпознатиот и најсилниот дневен спортски весник во тоа време и тоа не само во Европа, туку и во светот, во една објавена обемна статија упатува големи пофалби за значењето коешто Ататурк му го придавал на спортот. Во статијата внимание привлекуваат следните зборови со пофалби:

„Тој беше државник кој за прв пат во светот физичкото образование го воведе како задолжителен предмет во училиштата. Не само на хартија и во неговите зборови и говори, лично го исполни тоа. Обезбеди да бидат изградени стадиони и различни спортски центри. Лично ги контролираше народните домови и од денот кога ја презеде судбината на народот во свои раце, спортот во Турција се стекна со значење и вредност коишто се повеќе се зголемуваа.“



Слични вести