Филмот „Чудото во 7-от оддел“ номиниран за Оскар за најдобар меѓународен филм

Од страна на жирито меѓу 23 филмови за кандидат на Турција за Оскар за најдобар меѓународен филм е избран филмот „Чудото во 7-от оддел“ (7. Koğuştaki Mucize“ во режија на Мехмет Ада Озтекин

1526052
Филмот „Чудото во 7-от оддел“ номиниран за Оскар за најдобар меѓународен филм

Кандидат на Турција за Оскар за најдобар меѓународен филм стана филмот „Чудото во 7-от оддел“ (7. Koğuştaki Mucize“ во режија на Мехмет Ада Озтекин.

Според објавеното писмено соопштение од Министерството за култура и туризам,  жирито составено од 16 лица од претставници на Генералната дирекција за кинематографија и на стручните организации во сферата на кинематографијата го избра кандидатот на Турција за 93. Академски награди Оскари во категоријата најдобар меѓународен филм.

Од страна на жирито меѓу 23 филмови за кандидат на Турција за Оскар за најдобар меѓународен филм е избран филмот „Чудото во 7-от оддел“ (7. Koğuştaki Mucize“ во режија на Мехмет Ада Озтекин.

Во филмот се раскажува за потрагата по правда на еден ментално хендикепиран татко со иста ментална развиеност како и неговата малечка 7 годишна ќерка.

Во филмот настапуваат Арас Булут Ијнемли, Ниса Софија Аксонгур, Џелиле Тојон, Илкер Аксум, Месут Акуста, Дениз Бајсал и Јурдаер Окур, а воедно играат и други успешни глумци.



Слични вести