Дали знаете дека се напишани голем број книги на различни јазици во врска со Мустафа Кемал Ататурк?

Голем број земји делувале земајќи го за пример она што го направи основоположникот на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк, голем број истражувачи и писатели го истражувале неговиот живот и напишале книги за него

1524406
Дали знаете дека се напишани голем број книги на различни јазици во врска со Мустафа Кемал Ататурк?

Дали знаете дека се напишани голем број книги на различни јазици во кои се раскажува за основоположникот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк?

Мустафа Кемал Ататурк кој почина на 10 ноември 1938 година, е најзначајната личност на Република Турција. Ататурк, не само во Турција, оставил значајни влијанија и во светот. Голем број земји делувале земајќи го за пример она што го направи Тој, голем број истражувачи и писатели го истражувале неговиот живот и напишале книги за него.

Меѓу најпознатите од тие книги, првото место го зазема книгата „Ататурк - Повторното раѓање на една нација“ напишана од страна на Лорд Кинрос кој бил задолжен од страна на Владата на Велика Британија за да напише биографија во врска со Ататурк. Во книгата чие прво издание е отпечатено во 1960 година се раскажува за ликот на Ататурк и неговиот карактер, последните периоди на Османлиската држава и првите години на Република Турција.

Повторно еден друг британски истражувач и писател Ендрју Манго, во неговата книга по име „Ататурк / Основачот на Модерна Турција“ раскажува за животот на Ататурк коментирајќи го со сите негови страни.

Книгата на американскиот писател Остин Беј кој и самиот бил војник, под наслов „Ататурк-Основачот на Модерна  Турција, лекции по лидерство од генералот гение“, исто така е извонредно биографско дело во кое се раскажува за остроумноста, интелигенцијата и способностите на Ататурк како лидер и воен командант.

Делото по име „Ататурк“ пак, на Клаус Крајзер кој е познат по истражувањата коишто ги вршел во сферата на турскиот јазик и турската историја, во Германија било издадено низа пати и станало значаен извор за учениците и просветните работници.



Слични вести