Светскиот форум на ТРТ ќе се одржи во дигитална средина

Меѓународниот поредок и променлиците динамики во постпандемијата, главна тема на форумот

1523887
Светскиот форум на ТРТ ќе се одржи во дигитална средина

 

Светскиот форум ТРТ (TRT World Forum), кој светската агенда ќе ја стави на маса, ќе се одржи во дигитална средина на 1-2 декември годинава под наслов „Меѓународниот поредок и променливите динамики во светот по пандемијата“.

Во соопштението на меѓународниот телевизиски канал ТРТ Ворлд на Турската радио телевизија (ТРТ) беше истакнато дека на годинашниов форум, кој се одржува од 2017 година и на кој учествуват претставници на најзначајните невладини организации во светот, политичари, регионални експерти и новинари од многу земји за да бараат решенија за глобалните проблеми, ќе се дискутира за „Меѓународниот поредок и променлиците динамики во постпандемијата“.

Меѓу темите што ќе се дискутираат на Светскиот форум ТРТ 2020 се „Мултиполарниот свет во периодот на пандемија: Иднината на глобалната солидарност“, „Инфодемија: Улогата на информациите и медиумите во периодот на пандемија“, „Глобални здравствени проблеми и заеднички решенија“, „Преиспитување на алтернативните економски модели: „Иднината на постпандемискиот капитализам“, „Иднината на деловниот и образовниот сектор: Подготовки за поспандемискиот период“, „Хуманитарна помош за време на пандемискиот период“.

Годинашнив Светски форум ТРТ 2020 поради пандемијата ќе се одржи во дигитална средина во 20 различни сесии.

Регистрирањето на Светскиот форум TRT 2020 ќе се реализира преку веб-страницата „www.trtworldforum.com“.



Слични вести