Дали знаете дека првата жена пилот на Турција е Бедрије Тахир Ѓокмен?

Првата жена пилот на Турција е Бедрије Тахир Ѓокмен својата обука за воздухопловство, т.е. летање ја започнала во 1932 година во Школата за летање Веџихи, а во 1933 година се стекнала со сертификат т.е. значка за летање

1522179
Дали знаете дека првата жена пилот на Турција е Бедрије Тахир Ѓокмен?
bedriye-tahir-gokmen-kimdir.jpg

Дали знаете дека за прв пат во 1933 година една жена во Турција добила сертификат (значка) за летање?

Првата жена пилот на Турција е Бедрије Тахир Ѓокмен. Бедрије Тахир која својата обука за воздухопловство, т.е. летање ја започнала во 1932 година во Школата за летање Веџихи, од една страна работела како службеник, ја извршувала својата службеничка должност, а од друга страна ја продолжила својата обука за летање. Поради тоа што се бавела со летање добила многу приговори (реакции), се соочила со попречувања.

Поради нејзината љубов кон летањето и тоа што се бавела со воздухопловство и била изречена казна, така што морала да ја напушти својата службеничка должност. И покрај тоа не се откажала од оvoj нејзин сон. Првиот падобранец на Турција и првиот директор на школата за падобранци Абдуррахман Турккушу, на Бедрије Тахир која во 1933 година се специјализирала и го добила сертификатот т.е. значката за летање и го дал прекарот „Ѓокмен“. Со донесување на законот за презиме во 1934 година , го добила презимето Бедрије Тахир Ѓокмен.

Во 1934 година, за одобрување на сертификатите т.е. значките било побарано учениците да бидат подложени на испит. Меѓутоа, откако дошло жирито за испит единствениот авион на школата бил во дефект поради што испитот не можел да се одржи и по кусо време школата била затворена.

И покрај тоа што нејзината пилотажа официјално не била одобрена, Бедрије Тахир Ѓокмен го зазела своето место во историјата на воздухопловството како прва турска жена пилот на небото.

 



Слични вести