Дали знаете дека во главниот град на Турција, Анкара, се наоѓа Музеј на историјата на природата?

Првиот и најголем Музеј на историјата на природата е формиран во 1968 година во Анкара во склопот на Генералната дирекција за испитување и пребарување на руди

1519762
Дали знаете дека во главниот град на Турција, Анкара, се наоѓа Музеј на историјата на природата?
ankara tabiat tarihi müzesi_01.jpg

Дали знаете дека во главниот град на Турција, Анкара, се наоѓа Музеј на историјата на природата?

Првиот и најголем Музеј на историјата на природата е формиран во 1968 година во Анкара во склопот на Генералната дирекција за испитување и пребарување на руди. Музејот во кој се изложуваат примероци на голем број фосили, карпи, минерали и руди собрани од Турција и различни места низ светот, се состои од три спрата.

Приземниот спрат на музејот своите посетители ги пречекува со темата „патување во вселената“. Овде постои можност да испитување од близу на планетите во сончевиот систем, камења од месечината, камења од молња и небесни камења метеорити. Фозили на животни рбетници и безрбетници и фосили на растенија како докази од минати животи, диносауруси месојади од пред 140 милиони години, скелети на слон од Мараш и кит се наоѓаат на првиот спрат на музејот. На истиот спрат се наоѓа и делот кадешто се изложуваат и излозите за анимација на животни и растенија на Турција и алатки и средства коишто биле користени од страна на луѓето од предисторијата. Примероците на минерали, украсни камења и карпи од Турција и различни места низ светот, како и примероци во врска со историјата на рударството во Турција, можат да се видат на вториот спрат на музејот.

Музејот исто така е специфичен како прв музеј во Турција и со специјално подготвениот дел за посетителите со оштетен вид.



Слични вести