Дали знаете дека во градот Денизли има голем број фосили коишто ќе држат светло на историјата?

Во површинските истражувања водени во градот Денизли во западниот дел на Турција, се откриени фосили на 8 различни видови животни меѓу кои се наоѓаат и мамут и носорог, а за кои се претпоставува дека живееле пред 1,2 до 9 милиони години

1514325
Дали знаете дека во градот Денизли има голем број фосили коишто ќе држат светло на историјата?

Дали знаете дека во градот Денизли има голем број фосили коишто ќе држат светло на историјата?

Во површинските истражувања водени во градот Денизли во западниот дел на Турција, се откриени фосили на 8 различни видови животни меѓу кои се наоѓаат и мамут и носорог, а за кои се претпоставува дека живееле пред 1,2 до 9 милиони години. 

Научниците привлекуваат внимание дека тоа што фосилите датираат од истиот период со најстариот човек на Анадолија, чии фосили исто така се откриени во 2002 година во градот Денизли, се значајни од аспект на интеракцијата на луѓето со животните.

Во истражувањата коишто се реализираат во Денизли од 2017 година до денеска се откриени фосили на голем број животни. Фосилот на мамут којшто се наоѓа меѓу последните откриени фосили, покажува дека за време на леденото доба во Денизли живееле и мамути. Експерти кои го анализираа овој фосил на мамут којшто се состои од долна вилица, велат дека толку зачувана долна вилица нема ниту во Европа и истакнуваат дека од тој аспект е достигнато до значајно откритие. 

Освен тоа, внимание привлекува и откриениот фосил на мравојадец којшто е откриен во последните реализирани истражувања и за кој се знае многу малку во Анадолија.



Слични вести