Дали знаете дека на медот Анзер од Црноморската област на Турција му нема сличен на светот?

Медот Анзер, се произведува во областа позната по името висорамнината Анзер во населеното место Икиздере кај градот Ризе, во Црноморската област, во Турција

1507693
Дали знаете дека на медот Анзер од Црноморската област на Турција му нема сличен на светот?

Дали знаете дека медот којшто се произведува на висорамнината Анзер во Црноморската област на Турција, е мед на којшто му нема сличен на светот

Медот Анзер, се произведува во областа позната по името висорамнината Анзер во населеното место Икиздере кај градот Ризе, во Црноморската област, во Турција. И поради тоа што се состои од нектарот што пчелите го собираат од ендемските видови цвеќиња во областа, односно од цвеќиња коишто успеваат само во оваа област во светот, по својата арома и вкусот се одделува од другите медови.

Според спроведените истражувања од страна на ботаничарите, во хабитатот кадешто се произведува медот Анзер има приближно 500 видови цвеќиња и приближно 90 од овие цвеќиња успеваат само на висорамнината Анзер во светот. Поради тоа што постои ограничен простор за производство, медот Анзер се смета како најспецијален мед на светот.

Медот Анзер откако ќе влезе во човечкото тело може да покаже силни антиоксидантни влијанија, го зајакнува имуниот систем и помага во лекување од болести. Медот Анзер има позитивно влијание и во процесот на лечење на болестите, а е познато дека носи и антибактеријални карактеристики.

Да се јаде дневно една лажица од медот Анзер во кој има бројни корисни елементи, како Витамин „Ц“, потасиум и калциум, е доволно за сиве овие корисни страни. Меѓутоа, поради тоа што содржи голема количина шеќер, не треба да се конзумира повеќе од една лажица дневно.

Особено лицата кои имаат хронични и сериозни здравствени проблеми како дијабетисот или се алергични, пред да го конзумираат медот Анзер, најпрвин за тоа треба да се консултираат со лекар.



Слични вести