Дали знаете дека Момината кула во Истанбулскиот морски теснец Босфорот располага со минато од 2500 години?

За карпата во срдината на Истанбулскиот морски теснец Босфорот на којашто е изградена Момината кула за прв пат се говори во 410 година пред новата ера

1503400
Дали знаете дека Момината кула во Истанбулскиот морски теснец Босфорот располага со минато од 2500 години?

Дали знаете дека Момината кула која се наоѓа во Истанбулскиот морски теснец Босфорот располага со минато од 2500 години?

Момината кула со своето минато коешто почнува уште во античко време, е градба којашто била сведок на историјата на градот Истанбул, од Стара Грција до Византиската Империја, од Византија до Османлиската држава, и која го продолжила своето постоење во сите историски времиња.

За карпата на којашто е изградена Момината кула за прв пат се говори во 410 година пред новата ера. Тогаш со цел да се контролираат бродовите коишто влегуваат и излегуваат во и од Истанбулскиот морски теснец Босфорот и за наплатување на данок еден командант од Атина над ова мало карпесто островче изградил кула. Во 1.110 година по новата ера пак, тогашниот римски император овојпат изградил кула со одбранбена цел.

Момината кула која со текот на време била оштетена, напуштена и повторно поправана, за време на освојувањето на Истанбул, од страна на Венецијанците била користена како база. По освојувањето, Фатих Султан Мехмет (Мехмед втори освојувачот) ја срушил оваа мала кула и на нејзина место изградил една мала тврдина (мало кале) од камен, наоколу со бедеми и овде поставил топови. Темелите и значајните делови на долниот спрат на денешната кула, се градба од времето на Фатих. Момината кула пристигнала до денеска со нејзино поправање во текот на османлискиот период, а некои нејзини делови биле изградени наново.

По прогласувањето на Републиката, во Момината кула до денеска биле реализирани голем број обновувања.

Момината кула која ги отвори своите врати за посетителите во 2000-та година дење им пружа услуга на домашните и странските посетители како кафетерија и ресторан, а вечер како специјален ресторан.

 



Слични вести