Холограмска проекција во Халич во Истанбул по повод 482-годишнината од Поморската битка кај Превеза

Холограмската проекција на тема „Поморската победа кај Превеза“ претставена над водната завеса во Халич (Златниот рог) во Истанбул траеше 5 минути

1499254
Холограмска проекција во Халич во Истанбул по повод 482-годишнината од Поморската битка кај Превеза
preveze deniz zaferi.jpg
preveze deniz zaferi.jpg
preveze deniz zaferi.jpg
preveze deniz zaferi.jpg

Одделот за комуникации на претседателството, по повод одбележувањето на 482-годишнината од извојуваната победа на поморската битка кај Превеза синоќа во Халич (Златниот рог) во Истанбул во придружба на кинематски звучен систем приреди величествена тродимензионална слика со холограмска проекција.

Холограмската проекција на тема „Поморската победа кај Превеза“ претставена над водната завеса во Халич (Златниот рог) траеше 5 минути.

На прикажаната холограмска проекција којашто беше емитувана во живо преку профилите на претседателството и одделот за комуникација на социјалните медиуми, беше раскажано значењето на Поморската победа кај Превеза од аспект на турската и светската историја.

Во презентацијата за време на претставата беше истакнато следното: „Нашата поморска победа напишана со златни букви во нашата историја, е најголемиот извор на тоа што Турција и денеска ја проодлжува својата традиција да стане голема поморска сила. Ете затоа, ќе продолжиме со борбата во секоја сфера за одбрана на нашата национална безбедност и нашите права на водните патишта, во име на воспоставување на мирот и стабилноста во регионот. Одлучни сме и денеска да го продолжиме овој наш исправен став што ни е оставен во наследство од страна на нашите предци.“

Приредената претстава беше гледана од страна на голем број граѓани преку каналот Јутуб и профилите на социјалните медиуми на претседателството и одделот за комуникации, како и преку телевизиските канали. 

Одделот за комуникации на претседателство, во врска со извојуваната победа на поморската битка кај Превеза подгови и видео за виртуална реалност (VD).

Видеото може да се гледа на Јутуб каналот на адреса youtube.com/watch?v=VKPmPetU11w .

Поморската битка кај Превеза е поморска битка којашто била водена на 27 септември 1538 година (пред 482 години) кога османлиската флота под команда на Барбарос Хајреттин Паша ги порази крстоносните сили под команда на Андреа Дориа.

Битката ја доби Османлиската држава која извојува голема победа.

По оваа извојувана победа воената надвласт во Средоземното Море премина целосно на Османлиите.



Слични вести