Дали знаете дека во Османлиската Империја постоеше државна церемонија по име „Свита за баклава“?

Според традицијата, свитата за баклава којашто се појавила на почетокот на 18-от век, на средината на месецот на муслиманскиот пост Рамазан во знак на комплимент на Падишахот кон војската, од Сарајот се носела баклава за Јаничарскиот ред

1496279
Дали знаете дека во Османлиската Империја постоеше државна церемонија по име „Свита за баклава“?

Дали знаете дека во Османлиската Империја постоеше државна церемонија по име „Свита за баклава“?

Баклавата којашто денеска се троши со обожавање, својот раскошен и елегантен изглед го добила во Османлискиот дворец. Најстариот османлиски регистар во врска со баклавата се наоѓа во кујнските тетратки на Сарајот Топкапи од времето на Фатих Султан Мехмет (Мехмед втори освојувачот). И, познатиот патеписец Евлија Челебија кој во средината на 17-от век, многу далеку од Истанбул, бил гостин во конакот на бегот на Битлис, пишува дека јадел баклава. Од вакви слични регистри е познато дека баклавата за којашто се знаело речиси секаде по Османлиската Империја, повеќе била трошена (конзумирана) во Сарајот, во конаците, за време на гозби и прослави. Највештите мајстори на баклава пак, работеле во Сарајот.

Значењето на баклавата во Сарајот, е во тоа што не се сметала за показател само на богатство и елегантно задоволство како во конаците, истовремено влегла и во државните церемонии. 

Според традицијата, свитата за баклава којашто се појавила на почетокот на 18-от век, на средината на месецот на муслиманскиот пост Рамазан во знак на комплимент на Падишахот кон војската, од Сарајот се носела баклава за Јаничарскиот ред. Народот во Истанбул масовно излегувал на улиците за да ја набљудува свитата за баклава и притоа биле извикувани овации со поддршка на Падишахот и војската.

Оваа традиција која баклавата ја донела во положба на симбол на Османлискиот салтанат, т.е. династијата (владеењето), продолжила се до укинувањето на Јаничарскиот ред.
 



Слични вести