Ибрахим Ерен: ТРТ во новата сезона ќе се појави пред гледачите со продукции коишто ќе остават трага

Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Турската радио и телевизија (ТРТ) Ибрахим Ерен информира дека во новата сезона ќе се емитуваат продукции коишто не само што ќе бидат гледани од страна на голем број гледачи туку ќе остават и трага

1494472
Ибрахим Ерен: ТРТ во новата сезона ќе се појави пред гледачите со продукции коишто ќе остават трага

Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Турската радио и телевизија (ТРТ) Ибрахим Ерен во дадената изјава за дописникот на новинската Агенција Анадолија „АА“ изнесе проценки во врска со новата сезона на емитување, а воедно даде значајни информации и во врска со новите продукции со коишто ТРТ ќе се појави пред гледачите во новата сезона.

Ерен истакна дека во оваа сезона ќе се појават пред гледачите не само со продукции коишто ќе побудат големо интересирање кај гледачите, туку со продукции коишто ќе остават и трага.

Велејќи дека во периодот на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) беа подготвени содржини за гледачите и слушателите и дека исто така беше планирано што би можело да се направи во новата сезона на емитување, Ибрахим Ерен рече: „Оваа сезона ТРТ доаѓа не само со продукции коишто ќе бидат гледани, туку коишто ќе остават трага.“

Ибрахим Ерен во продолжение рече: „Оваа сезона повторно ќе емитува е историски серии коишто се очекуваат од страна на нашите гледачи и по кои се копнее. Историските серии на ТРТ имаат многу голем број на гледачи и за нив постои голема заинтересираност. Постои голема заинтересираност и во Турција и во светот. Оваа сезона се враќаме назад со овие наши серии. Имаме серии на кои работиме доста долго време и во кои се вклучени наши мошне  драгоцени актери, учители и режисери. Првата од нив е 'Будење: Големата Селџучка држава'. Во оваа наша серија освен целните гледачи кон кои достигнавме досега со 'Воскреснување: Ертугрул', ќе се раскажува и за сарајот на Големата Селџучка Држава и цивилизацијата којашто ја создаде.“

Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Турската радио и телевизија (ТРТ) Ибрахим Ерен, воедно информира дека во јануари ќе почне да се емитува и серијата „Барбарос“, во врска со што рече: „Нашата приказна за морепловството не е нова. Се потпира до пред стотици години. Најпознатите личности се Барбарос Хајреттин Паша и Оруч Реис. И двајцата се главни јунаци на еден период кога Средоземното Море е дојдено во положба на турско море. Ќе биде продукција во која со Барбарос малку паралелно и со сегашноста, ќе ја гледаме оваа наша значајна личност во тој период, на сличен начин со Сината татковина.“



Слични вести