Министерот Мустафа Варанк: Документарниот филм „Црната кутија на планетата; Антарктик“ на екраните на ТРТ

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк информира дека документарниот филм во кој се раскажува за деталите на Четвртата национална научна експедиција за Антарктикот оваа година ќе се емитува на екраните на ТРТ 1 и ТРТ Документарец (Belgesel)

1493272
Министерот Мустафа Варанк: Документарниот филм „Црната кутија на планетата; Антарктик“ на екраните на ТРТ

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк на својот профил на социјалната мрежа Твитер го сподели рекламниот спот на документарниот филм „Црната кутија на планетата; Антарктик“ подготвен за Четвртата национална научна експедиција. 

Министерот Варанк информира дека документарниот филм во кој се раскажува за деталите на Четвртата национална научна експедиција за Антарктикот оваа година ќе се емитува на екраните на Турската радио и телевизија (ТРТ), а во рамките на Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија „Текнофест“.

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк во својата објава во врска со “Белиот континент“, ја изнесе следната констатација „Нема свој сопственик, свое знаме, свој главен град, локален народ и официјална временска зона. Шифрите на Антарктикот, црната кутија на планетата, ја решаваат турските научници“.

Варанк соопшти дека деталите на Четвртата национална научна експедиција за Антарктикот ќе заземат место во документарниот филм ќе бидат емитувани во рамките на „Текнофест 2020“.

Документарниот филм „Црната кутија на планетата; Антарктик“ во рамките на Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија „Текнофест“ што ќе се одржи од 24 до 27 септември во градот Газиантеп, ќе се емитува на екраните на телевизиските канали на Турската радио и телевизија (ТРТ), ТРТ 1 и ТРТ Документарец (Belgesel).



Слични вести