Дали знаете дека Сарајот Топкапи е едниот од најголемите сарајски музеи на светот?

Изградбата на Сарајот Топкапи којашто по освојувањето на Истанбул по наредба на султанот Фатих Султан Мехмет (Мехмет втори освојувачот) започнала во 1460-сетите години, била завршена во 1478 година.

1488621
Дали знаете дека Сарајот Топкапи е едниот од најголемите сарајски музеи на светот?

Дали знаете дека Сарајот Топкапи формиран на површина од 700 илјади метри квадратни е едниот од најголемите сарајски музеи на светот?

Изградбата на Сарајот Топкапи којашто по освојувањето на Истанбул по наредба на султанот Фатих Султан Мехмет (Мехмед втори освојувачот) започнала во 1460-сетите години, била завршена во 1478 година. Сарајот се наоѓа на историскиот полуостров на Истанбул којшто се наоѓа помеѓу Истанбулскиот морски теснец Босфорот и Халич т.е Златниот рог. Во текот на приближно 400 години покрај тоа што бил административен, образовен и уметнички центар на Османлиската Империја, бил дом и на османлиските владетели, султаните.

Откако во почетокот на 1850-сетите години тогашниот Сарај бил недоволен да одговори на потребите на протоколот на државата во 19-от век бил изграден Сарајот Долмабахче. По одредено време место за живеење и управен ценар за династијата станал Сарајот Долмабахче.

По укинувањето на османлиската монархија во 1922 година, на 3 април 1924 година по наредба на Мустафа Кемал Ататурк, Сарајот Топкапи е преуреден во музеј и располага со карактеристика на прв музеј на Републиката. Денеска Сарајот Топкапи, со својата архитектура, колекции и приближно 300 илјади архивски документи е едниот од најголемите сарајски музеи на светот.
 



Слични вести