Поставен камен-темелникот за изградба на „Новата џамија и Културен центар“ во Бунде во Германија

На церемонијата на поставување на камен-темелникот којашто започна со читање Куран, од страна на хорот составен од мали ученици на џамијата беа рецитирани песни на турски и на германски јазик, а беа испеани и побожни песни илахии

1487275
Поставен камен-темелникот за изградба на „Новата џамија и Културен центар“ во Бунде во Германија

Во градот Бунде во покраината Северна Рајна-Вестфалија во Германија е поставен камен-темелникот за изградба на „Новата џамија и културен центар“ во склопот на Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИБ).

На церемонијата на поставување на камен-темелникот којашто започна со читање Куран, од страна на хорот составен од мали ученици на џамијата беа рецитирани песни на турски и на германски јазик, а беа испеани и побожни песни илахии. 

Претседателот на Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИБ) Казим Туркмен во говорот што го одржа во оваа пригода истакна дека џамиите се Аллахов дом и рече дека муслиманите за време на историјата на нивното доселување од Анадолија во Европа повеќе од половина век секаде онаму каде што дошле пред да купат своја куќа граделе свои џамии.

Во склопот на куллијето т.е. комплексот од градби на „Новата џамија и културен центар“ во градот Бунде во покраината Северна Рајна-Вестфалија во Германија чија изградба се планира да заврши во рок од 2 години и ќе биде со површина од 2.200 метри квадратни, на простор од 1.600 метри квадратни заедно со просторот од 300 метри квадратни одделен за верски обред (ибадет) ќе бидат изградени и повеќенаменска сала за конференции, библиотека, училници, угостителски објекти, гусулхане, продавници и административни единици.



Слични вести