Дали знаете дека во Турција има село на штркови?

Селото Ескикараагач на оддалеченост од 44 километри од градот Бурса, од страна на Европската фондација на природно наследство во 2011 година е избрано за европско село на штркови

1482074
Дали знаете дека во Турција има село на штркови?

Дали знаете дека во Турција има село на штркови?

Селото Ескикараагач на оддалеченост од 44 километри од градот Бурса, од страна на Европската фондација на природно наследство поради тоа што е пријател на штрковите и поради тоа што ги исполнува условите за животна средина и земјоделство, во 2011 година е избрано за европско село на штркови.

Во селото кое е единствен претставник во Турција на мрежата на европските села на штркови, штрковите почнуваат да доаѓаат секоја година во месец јуни и периодот на одгледување на своите младенчиња го поминуваат во ова село. Со реализираните активности во селото коешто годишно станува домаќин на 30-40 штркови и во околината на езерото Улуабат, се има за цел да се сведат на минимум, на најниско ниво, случаите на смрт на штрковите предизвикани од човечка рака.

Сите семејства на штркови кои доаѓаат во селото и нивниот број, се регистрираат во системот формиран внатре во куќата за набљудување на птици. Освен тоа, внатре во куќата за набљудување се наоѓа и систем со којшто со помош на камери се следат дивиот живот и ловокрадците. Во малиот музеј формиран внатре во куќата за набљудување постои можност за испитување на различни видови птици и видовите коишто живеат во областа. Штрковите коишто во селото остануваат приближно три месеци заклучно со месец август почнуваат да се преселуваат во топлите земји (краишта) и нивните гнезда едно по едно се испразнуваат. 

Други земји кои се вклучени во мрежата на европски села на штркови и кои располагаат со села на штркови се: Шпанија, Германија, Швајцарија, Австрија, Словенија, Хрватска, Унгарија, Словачка, Полска, Романија, Србија, Северна Македонија, Бугарија и Грција. 

На ѕидот на европските села на штркови којшто е изграден во Ескикараагач кај градот Бурса, се наоѓаат детални информации и податоци и во врска со селата на штркови во сиве овие пред малку наброени земји.
 



Слични вести