Недела на турски филмови во Северна Македонија од 17 до 29 август 2020 година

Во рамките на Неделата на турски филмови во Северна Македонија којашто ќе заврши на 29 август (утре) освен филмот„Мед Кајмак“ (Bal Kaymak) ќе бидат прикажани и филмовите „Кисели јаболки“ (Ekşi Elmalar) и „Медена земја“ (Honeyland)

1480414
Недела на турски филмови во Северна Македонија од 17 до 29 август 2020 година

Неделата на турски филмови во Северна Македонија во организација на Институтот „Јунус Емре“ (ЈЕЕ или YEE) во Скопје започна со прикажување на филмот „Мед Кајмак“ (Bal Kaymak).

На свеченото отворање што се одржа во историскиот Куршунлу Хан во Скопје присуствуваа Ирена Стефоска, која ќе ја извршува функцијата министерка за култура во новиот кабинет на Владата на Северна Македонија, потоа продуцентот на филмот „Мед Кајмак“ (Bal Kaymak) Сертач Демирташ, актерката Сабина Тозија, директорот на Институтот „Јунус Емре“ (ЈЕЕ или YEE) во Скопје Серхат Кула, претставници на турските организации во земјата и љубители на кинематографијата.

Продуцентот Сертач Демирташ раскажа за тоа како за прв пат отишле за пред извидување во Скопје во 2018 година во врска со што го рече следното: „Бевме импресионирани и посакавме овој филм да го снимаме на овие територии. Бидејќи и на овие територии има многу убави приказни. Ионака тоа се работи коишто не зближуваат едни со други. Ние сме луѓе на една иста култура, нашата историја е заедничка.“

Во рамките на Неделата на турски филмови во Северна Македонија којашто ќе заврши на 29 август (утре) освен филмот„Мед Кајмак“ (Bal Kaymak) ќе бидат прикажани и филмовите „Кисели јаболки“ (Ekşi Elmalar) и „Медена земја“ (Honeyland).



Слични вести