Градот Хатај располага со титула „Гастрономски град“ во Мрежата на креативни градови на УНЕСКО

Разновидноста на секоја цивилизација и секоја религија која била присутна во градот Хатај којшто располага со 8.000 годишно историско искуство, станале причина да се појави и една себеспецифична култура на храна, односно кујна во ова подрачје

1478520
Градот Хатај располага со титула „Гастрономски град“ во Мрежата на креативни градови на УНЕСКО

Дали знаете дека градот Хатај располага со титула „Гастрономски град“ во Мрежата на креативни градови на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО)?

Разновидноста на секоја цивилизација и секоја религија која била присутна во градот Хатај којшто располага со 8.000 годишно историско искуство, станале причина да се појави и една себе специфична култура на храна, односно кујна во ова подрачје. Хатај кој се наоѓа на историскиот пат на зачините и историскиот пат на свилата, истовремено е и врата која се отвора кон Месопотамија и Блискиот исток. Поврзано со тоа, богатата кулинарска култура на градот, кулинарските средства и прибори коишто ги користел стотици години и локалните рецепти (специјалитети) пренесувајќи се од поколение на поколение, пристигнале до денска.

Хатај е град каде што владее средоземноморската клима и кој располага со средоземноморска растителна покривка. Така и кујната на Хатај е типична средоземноморска кујна кадешто се користат тазе зеленчукови производи, маслиновото масло, мешункастите производи и житариците... Едната од најзначајните карактеристики по којашто кулинарството на Хатај се одделува односно разикува од другите, е употребата на бројни различни зачини во јадењата... Посетителите кои ги пробаат односно вкусуваат  од јадењата коишто се подготвуваат со традиционални методи, покрај историските и природните  богатства на Хатај, не можат да ја заборават и неговата кулинарска култура.

Градот Хатај кој во јуни 2017 година се обрати до Мрежата на креативни градови на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) во областа на гастрономијата, од 1 ноември 2017 година располага со титула „Гастрономски град на УНЕСКО“...

Со други зборови кажано, градот Хатај е град којшто е регистриран со својата богата кулинарска култура и на меѓународно ниво...
 



Слични вести