Дали знаете дека „водениот бурек“ бил од значајните јадења на османлиската кујна?

Водениот бурек како позната тестенина на османлиската кујна од 17-от век, се обожава многу и денеска доста широко се конзумира

1475307
Дали знаете дека „водениот бурек“ бил од значајните јадења на османлиската кујна?
Su Böreği.jpg

Дали знаете дека „водениот бурек“ како еден од обожаваните вкусеви на Турција бил од значајните јадења на османлиската кујна?

Водениот бурек е едниот од бројните видови бурек на Турција.

Водениот бурек како позната тестенина на османлиската кујна од 17-от век, се обожава многу и денеска доста широко се конзумира. И покрај тоа што во старите извори се вели дека водениот бурек за прв пат бил подготвен во Киршехир, всушност е вид бурек којшто е познат речиси во секое подрачје на Турција и се подготвува со различни средства.

Водениот бурек чие подготвување изискува доста труд, е јадење без коешто се не може на трпезите...

Попарувањето во врела вода на дебелите јуфки (кори) со јајца во изобилство пред да бидат постелени во тепсија, е карактеристика на овој вкусен и мек бурек. И покрај тоа што водениот бурек се подготвува со различни видови и тоа со сирење, мелено месо, габи или со спанаќ, внатре во вистинскиот воден бурек се става само сирење и магданоз.

Едниот од најзначајните или најкарактеристични елементи на еден вкусен воден бурек пак, е бурекот да се пече на тивок оган со постојано вртење на тепсијата и откако одоздоле ќе се испече прилично добро, се врти наопако и на ист начин се пече и од другата страна.
 



Слични вести