Полицијата во Малме не му дозволи на Расмус Палудан да го запали Куранот

Расмус Палудан рече дека добил покана шведскиот ектремно десничарски уличен сликар Дан Парк за палење на куранот

1472121
Полицијата во Малме не му дозволи на Расмус Палудан да го запали Куранот

Полицијата во Малме на Расмус Палудан, лидерот на данската екстремно десничарска партија „Цврст курс“ (Страм Курс) не му дозволи да го запали Куранот пред една џамија.

Палудан во изјавата за информативниот портал на екстремните десничари на интернет „Самнит“ рече дека барале да одржат протест пред една џамија пред петочниот намаз на муслиманите и да ја запалат светата книга на муслиманите, Куранот потенцирајќи дека шведската полиција не им дозволила да го направат тоа.

Данскиот ектремно десничарски лидер минатата недела преку профилот на социјалните медиуми најави дека започнале иницијатива за палење на светата книга Курани Керим во Малме.

Расмус Палудан рече дека добил покана шведскиот ектремно десничарски уличен сликар Дан Парк за палење на куранот и тоа дека ќе го остварат на 18 август шето во 12 часот според локално време пред една џамија.

Палудан рече дека Малме бил град кој е окупиран од страна на муслиманите и додаде дека во окупираните градови, во најмала рака можеме да одржиме протести.

На Расмус Палудан кој во Данска е познат со палење на светата книга на муслиманите Куранот, му се суди за 144 различни кривични дела со барање казна затвор од 3 месеци до 3 години  и му беше забрането да се бави со адвокатската професија.



Слични вести