Историскиот Манастир Сумела кај Трабзон за 16 дена го посетија над 45 илјади лица

Манастирот Сумела кој се наоѓа во приврмениот список на Светското културно наследство на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), во периодот од 28 јули до 12 август, за 16 дена, го посетија вкупно 45.257 лица

1472393
Историскиот Манастир Сумела кај Трабзон за 16 дена го посетија над 45 илјади лица

Со секој поминат ден голем број домашни и странски туристи покажуваат се поголема заинтересираност за посета на Манастирот Сумела во границите на населеното место Мачка кај градот Трабзон, во црноморската област на Турција, кој е едниот од значајните центри на верскиот туризам на Турција и кој поради реставрацијата беше затворен приближно 5 години, а на 28 јули беше повторно отворен.

Манастирот Сумела кој се наоѓа во привремениот список на Светското културно наследство на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), во периодот од 28 јули до 12 август го посетија вкупно 45.257 лица.

На тој начин, Манастирот Сумела со овој број на посетители за 16 дена стана едниот од најпосетуваните места на Турција.



Слични вести