Дали знаете дека турскиот чај е метод на варење и принесување на чајот специфичен за Турците?

Чајот којшто располага со минато од 5.000 години и покрај тоа што влегол доцна во животот на Турците, создал и една себе својствена култура во турското општество

1472478
Дали знаете дека турскиот чај е метод на варење и принесување на чајот специфичен за Турците?

Дали знаете дека турскиот чај е метод на варење и принесување на чајот специфичен за Турците?

Чајот којшто располага со минато од 5.000 години и покрај тоа што влегол доцна во животот на Турците, создал и една себе својствена култура во турското општество.

Во источноцрноморската област и во границите на округот на градот Ризе во Турција успева еден вид црн чај и овој чај меѓу народот се нарекува турски чај. Меѓутоа, изразот „турски чај“ повеќе се користи за методот на варење и принесување на чакот специфичен за Турците.

И покрај тоа што денеска постојат различни методи на чаеви и подготвување на чаеви, чајот од турски вид или стил се вари со запечен црн чај и се сервира со себеспецифични мали стаклени чаши коишто се познати како чаши со тенка половина.

При варење на чај со турски вид или метод се користат два чајника коишто се ставаат еден врз друг. Во долниот чајник се става да врие вода, а во горниот чајник со црниот турски чај во прав се става зовриена вода. Додека во долниот чајник врие водата празниот горен чајник со чај се загрева со водена пареа. Одредена количина од зовриената вода без да се изгуби кислородот во водата се истура во горниот чајник со турски чај во прав. Горниот чајник со чај за да стаса се остава да чека приближно 10 минути врз големиот чајник во којшто врие вода.

При принесување на чајот пак, се става во подготвените чаши со тенка половина онолку колку што се сака од стасаниот чај. За отворање на густината на сварениот чај се додава од зовриената вода од горниот чајник, односно чашата се полни. Ако се сака потоа се додава и шеќер.

Пиењето црн чај во Турција како земја која се наоѓа меѓу најголемите пазари на чај во светот, е неделлив дел од турскиот начин на живот и турската култура.

Културата на турски чај истовремено е и едниот од најзначајните симболи и на заедничкиот живот на Турците и на гостопримството во Турција. 
 



Слични вести