Дали знаете дека на планините Каздаглари се наоѓа првиот приватен етнографски музеј на Турција?

Во селото Тахтакушлар во населеното место Едремит кај градот Баликесир се наоѓа првиот приватен етнографски музеј на Турција

1468582
Дали знаете дека на планините Каздаглари се наоѓа првиот приватен етнографски музеј на Турција?
Tahtakuslar Etnografya Muzesi 2.jpg

Дали знаете дека на планините Каздаглари се наоѓа првиот приватен етнографски музеј на Турција?

Во селото Тахтакушлар во населеното место Едремит кај градот Баликесир се наоѓа првиот приватен етнографски музеј на Турција.

Во музејот формиран од страна на Алибеј Кудар, учител роден во селото Тахтакушлар, а со цел да не се заборави туркменската култура, се изложува културното наследство на Туркменците Тахтаџии, коешто од Централна Азија пристигнало до денеска. Меѓу нив се наоѓаат еден шатор како пример кој бил употребуван од страна на Туркменците, предмети за домаќинството користени во минатото, туркменска облека, ќесиња за пари, дисаѓи и килими. Освен тоа, во едната од собите внатре во музејот се наоѓа и уметничка галерија кадешто се изложуваат специјални уметнички дела. 

Експонат којшто привлекува најголемо внимание во музејот пак, е најголемата полнета морска желка на светот која се одликува со нејзиниот кожен грб (наместо коскен) и која се изложува овде. Морската желка којашто всушност живее на крајбрежјата на Јужна Америка го изгубила својот пат и пристигнала на егејските крајбрежја кадешто во 1997 година умрела заглавена во една рибарска мрежа. Оваа морска желка тешка 360 килограми и долга 197 сантиметри за да не се расипе секоја година редовно се обновува и полни со специјална материја.

Веднаш до оваа огромна морска желка се изложува и една друга морска желка стара 105 години која била ранета со пропелерот на еден брод.
 



Слични вести