Светски познатата турска пијанистка Идил Бирет приреди концерт во Бодрум

Одржана е првата манифестација на „2. Музичкиот фестивал Идил Бирет Мугла“ во заедничка организцаија на локалната градска самоуправа на Мугла и општина Бодрум во Античкиот театар во Бодрум

1458868
Светски познатата турска пијанистка Идил Бирет приреди концерт во Бодрум

Светски познатата турска пијанистка Идил Бирет приреди концерт во познатото туристичко одморалиште населеното место Бодрум, кај градот Мугла.

Одржана е првата манифестација на „2. Музичкиот фестивал Идил Бирет Мугла“ во заедничка организцаија на локалната градска самоуправа на Мугла и општина Бодрум во Античкиот театар во Бодрум.

На манифестацијата  чија тема беше 250. годишнината од роденденот на Бетовен, одржа концерт светски познатата турска пијанистка Идил Бирет, а во придружба на Оркестарот на градската самоуправа на Мугла под раководство на Кемал Џем Јилмаз и Муниф Акалин.

На концертот којшто беше отворен за граѓаните беа интерпретирани првиот и петиот концерт за пијано на Бетовен.

На фестивалот на 23 јули ќе настапат Идил Бирет, Џан Окан и Бугра Јуксел кои ќе ги интерпретираат вториот, третиот и петвртиот концерт за пијано на Бетовен. 



Слични вести