Поддршка од холивудската ѕвезда на предлогот за проѕирна маска на турската касиерка

За да можам да разговарам со нив принудена сум да ја симнам маската. Дали можете да ми испратите проѕирна маска?

1457811
Поддршка од холивудската ѕвезда на предлогот за проѕирна маска на турската касиерка

Холивудската ѕвезда Џон Красински изразаи поддршка на предлогот за проѕирна маска на турската касиерка која живее во САД.

Турчинката Асли Мухурханџи Кноулс која е родена во Ескишехир, а поради бракот во последните две години живее во американската сојузна држава Флорида и работи како касиерка, во објавата преку социјалните медиуми напиша „Да користиме проѕирна маски за да ја покажеме насмевката.“. Објавата на турската касиерка наиде на поддршка од холивудската ѕвезда Џон Красински.

Кноулс откако на една веб страница видела дека се произведуваат специјални маски за лицата со оштетен слух, преку профилот на социјалниот медиум на фирмата производител и ја испрати следната порака:

„Јас работам како касиерка во еден маркет. Многу ме израдува веста дека придавате внимание на лицата со оштетен слух, бидејќи за пружање на услугите треба да се има насмевка на лицето. Меѓудругото имам голем број клиенти со оштетен слух. За да можам да разговарам со нив принудена сум да ја симнам маската. Дали можете да ми испратите проѕирна маска?“

Претставниците на фирмата откако ја видоа пораката, на Кноулс и испратија маска и и се заблагодарија.

Кноулс истакна дека само два дена откако го споделила писмото преку социјалните медиуми и се сменил животот и добила голем број пораки. Исто така гостувала во програмите на некои ТВ канали и весници.

Целта и била да даде придонес на работното место каде што била вработена, рече Кноулс додавајќи дека само два дена откако го споделила писмото преку социјалните медиуми, добила лајк дури и од холивудскиот актер Џон Красински.

Благодарение на Красински добивам илјадници пораки со љубов. Навистина не ме држат нозете до преголемата раост што ја чувствувам.

По сите овие случувања, Кноулс добила и благодарница од претставнците на компанијата вокоа работи.



Слични вести