Досие анализа на неделата: 15 јули по изминати четири години

Постојат бројни причини поради кои предавничкиот обид за пуч на 15 јули 2016 година беше неуспешен, а најзначајната од нив е тоа што народот излезе на улица за спречување на пучот застанувајќи неустрашно пред пучистите

1457164
Досие анализа на неделата: 15 јули по изминати четири години

Поминаа четири години од обидот за воен удар на 15 јули 2016 година организиран од страна на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) за соборување на избраната Влада, но беше неуспешен.

Постојат бројни причини поради кои обидот за пуч беше неуспешен. Најзначајната од нив е тоа што народот излезе на улица за спречување на пучот застанувајќи неустрашно пред пучистите. На крај, народот беше успешен, пучистите неуспешни. Една друга значајна причина во позадината на неуспехот на пучот беше и ставот на политичката институција против пучевите. Впрочем, цивилната Влада покажа остра реакција против острото соопштение коешто беше објавено од страна на Турските вооружени сили (ТВС) на 27 април 2007 година против тогашната Владата и беше истакнато дека објавеното соопштение претставува чин којшто ја надминува сферата на надлежност на војската. Овој став, стана причина за уште повеќе зајаканување на цивилната политика и отвори еден историски период од аспект на демократизацијата на цивилно-воените односи.

По 15 јули беа доживеани бројни значајни случувања во турската внатрешна  и надворешна политика. Беше успешно управувано со процесот на чистење од Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО) којшто започна во внатрешната политика, веднаш по обидот за пуч. Беа оддалечени лицата поврзани со ФЕТО од позициите во државните институции во различни критични сфери на чело со безбедноста, како и правдата, здравството и образованието, повеќето од нив беа изнесени пред суд и беа прогласени за виновни и осудени на различни казни. Најзначајните од нив беа лицата кои беа оддалечени од Турските вооружени сили (ТВС). Воениот персонал на критични должности беше суспендиран, разрешен и отпуштен од армијата. На сличен начин беа разрешени и отпуштени и илјадници полицајци поврзани со ФЕТО на задача во полициската служба.

Од витално значењ беа и реформите коишто беа реализирани во безбедноста по 15 јули. Во тие рамки командите на жандармеријата и крајбрежната стража беа внесени во склопот на Министерството за внатрешни работи, беше променета улога на началникот на Генералштабот врз командите на родовите и на преден план повеќе беше изнесено Министерството за национална одбрана. Исчистувањето на безбедносната бирократија од приврзаниците на ФЕТО и реформата во безбедноста своите први резултати ги даде во борбата против тероризмот. Внатре во границите на земјата беше ставена во примена една поефикасна стратегија за борба против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, а преку границата во Сирија беше започната операцијата Еуфратски штит против терористичката организација ДЕАШ и беше минимализиран просторот на делување и влијание и на двете терористички организации.

Едната од најзначајните случувања коишто се случија во внатрешната политика беше многу позначајна. На 16 април 2017 година се одржа референдум со што беше променет системот на управување во Турција и се премина кон претседателски систем на власт. Заедно со оваа промена заврши парламентарниот систем и по првите одржани избори Турција почна целосно да го применува новиот систем на управување претседателскиот систем.

Во надворешната политика пак, 15 јули речиси стана точка на прекршување. Вадата која пред 15 јули беше пасивна, не делуваше и не ја користеше својата силна армија за минимализирање на безбедносните проблеми чија причина беше кризата во Сирија, еден месец по обидот за пуч, реализира воена операција против терористичката организација ДЕАШ во Сирија. Резултатите од оваа операција беа показател за тоа дека е влезено во еден нов период и во политиката на Турција кон Сирија. Турција која со операцијата Еуфратски штит ја исчисти терористичката организација ДЕАШ од својата граница, ја оневозможи и сепаратистичко-терористичката организација ПКК да делува во подрачјето западно од реката Еуфрат. Впрочем, веднаш по операцијата Еуфратски штит овојпат целта директно беше ПКК. Со операцијата Маслиново гранче во подрачјето на Африн која што започна на 20 јануари 2018 година, сепаратистичко-терористичката организцаија ПКК беше извадена од ова подрачје. На тој начин Турција почна да одигрува поактивна улога во кризата во Сирија. Со операцијата Извор на мирот реализирана во октомври 2019 година Турција ја постави на цел сепаратистичко-терористичката организација ПКК и во подрачјето источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија и со тоа успеа да го спречи влијанието на ПКК во Сирија и да се формира терористичка држава во северниот дел на оваа земја, веднаш јужно од своите граници. Турција презеде иницијатива и за решавање на кризата во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, кадешто во март 2020 година му нанесе тежок удар на сирискиот режим во ова подрачје. Сиве овие воени операции обезбедија Турција да стане поефикасна на дипломатска маса, по 15 јули.

Една друга меѓу најзначајните сфери во оваа ефикасност беше Либија. Турција која во кризата во Либија од 2011 година претпочиташе да ги применува методите на дипломатијата, почна да ја поддржува Владата на национално единство на Либија која на 4 јули 2019 година беше призната и од страна на Обединетите нации (ОН), против Халифа Хафтар кој се обидува да ја собори легитимната либиска влада во Триполи. Во тие рамки, потпиша договор со Владата на национално единство на Либија и спречи силите на Хафтар да го заземат Триполи. Потоа пак, обезбеди Хафтар да се повлече со што целосно ја расипа играта којашто се сакаше да се стави во примена во регионот, преку Либија.

Како резиме од сето тоа, 15 јули 2016 година беше точка на прекршување за Турција од бројни аспекти. Турција која го зголеми својот отпор во внатрешната политика, почна да станува и да делува поактивно и независно и во надворешната политика. Секако дека оваа активност и овој отпор обезбедија повеќе да се обединуваат и ривалите, противниците на Турција и Турција се соочи со еден геополитички притисок во димензии на Блискиот исток. Од друга страна пак, со Западот и особено со САД по 15 јули беа доживеани тешко поправливи кризи.

Поизминати четири години од 15 јули 2016 година, Турција се соочи со бројни предизвици, меѓутоа перформансот што го покажа за време на овие четири изминати години воедно и ја обезбедува и неопходната енергија за надминува на сите тие предизвици. Оваа енергија треба да се оцени како шанса за една безбедна и ефикасна и подемократска Турција во надворешната политика.

Коментар на доц. д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни истражувања на Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања СЕТА



Слични вести