Дали знаете дека мајчината душица наоѓа широка употреба во сферата на здравството?

Мајчината душица исто така е растение коешто се користи во народната медицина уште од многу многу дамнешни времиња...

1453848
Дали знаете дека мајчината душица наоѓа широка употреба во сферата на здравството?

Дали знаете дека мајчината душица која потекнува од Источно Медитеранскиот регион и чиј бројни видови успеваат во Турција, наоѓа широка употреба во сферата на здравството?

Користењето на растенијата кај болести е старо колку историјата на човештвото...

Мајчината душица исто така е растение коешто се користи во народната медицина уште од многу многу дамнешни времиња... Мајчината душица која првенствено се користи како зачин го збогатува вкусот на масните и тешки јадења, го олеснување варењето.

Мајчината душица како лековито растение се користи меѓу народот со голем број намени. Помага при проблеми со белиот дроб, бронхитисот, желудникот и цревата. Се пие како чај против кашлица и воспаление на горните дишни патишта и се користи за плакнење на устата.

Мајчината душица има и влијание на отстранувач на едем, односно оток. Го регулира крвотокот, го намалува крвниот притисок, влијателна е против цревните паразити. Мајчината душица има антисептичко дејство, се користи често и при проблеми со кожата.

Мајчината душица која има толку безброј полезни страни, доколку се користи несовесно за жал може да има и штетни страни. Кај оние кои имаат проблеми со тироидната жлезда и кај бремени може да предизвика и негативни несакани ефекти.

Познато е дека маслото од мајчина душица има штетни влијанија над црниот дроб и затоа се препорачува да се користи внимателно.
 



Слични вести