Дали знаете дека Турција е меѓу водечките земји во одгледувањето на лековити и ароматични билки?

Лековити и ароматични билки (растенија) е општо име коешто се користи за билките (растенијата) коишто се употребуваат за спречување на различни болести, за здрав живот или за лечење на болести

1449508
Дали знаете дека Турција е меѓу водечките земји во одгледувањето на лековити и ароматични билки?

Дали знаете дека Турција е едната од водечките земји во одгледувањето на лековити и ароматични билки (растенија)?

Лековити и ароматични билки (растенија) е општо име коешто се користи за билките (растенијата) коишто се употребуваат за спречување на различни болести, за здрав живот или за лечење на болести.

Турција која поради еколошките услови со коишто располага е татковина на голем број видови билки (растенија), е крајно богата и од аспект на лековити и ароматични билки.

Приближно од 100'тина видови билки (растенија) коишто се собираат од природата во Турција, се извезуваат. Приближно 20'тина видови лековити и ароматични билки-растенија пак, се одгледуваат во земјоделството. Билки-растенија коишто ги извезува најмногу Турција се мајчина душица, афион, чај, анасон, ким, мудрец, махлеп, црвен пипер и билни растителни чаеви.

Од овие наброени видови билки-растенија, Турција е едната од најзначајните земји во светот особено во извозот на мајчина душица, ким, ловоров лист и афион. 

Секоја година со количина од приближно 4-7 илјади тони Турција е земја која извезува најмногу мајчина душица во светот и од овој извоз заработува приходи во износ од 10-16 милиони долари.



Слични вести